БРИТАНЦИТЕ БЕСНИ: Покренаа петиција против Меган и Хари, а ова е причината!

профимедиа

Жителите на градот Брајтон не се задоволни од моменталната состојба во која се наоѓаат поради кралското семејство, пишува Дејли мејл.

За даноци нив им се наплаќаат големи суми пари и тие покренале петиција за укинување на кралските титули на принцот Хари и војвотката Меган. Брајтон е дел од Источен Сасекс, кој пак, спаѓа под војводството на Хари и Меган.

Според брајтонците, титулите кои ги користат Хари и Меган во службените документи се недемократски и симбол на угнетување на широката јавност од страна на богатата елита.

Локалните власти ќе донесат крајна одлука во октомври. Петицијата ја потпишале околу 2000 жители.

Принцот Хари стана војвода од Сасекс откако се венча со Меган Маркл, а со тоа е и само втор војвода во Сасекс во историјата, а прв во речиси два века.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот