Британците тврдат дека Русите на бојното поле испраќаат тенкови стари 60 години

Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Британското Министерство за одбрана во својот најнов извештај за војната во Украина пишува дека Русите на бојното поле испраќаат тенкови од педесеттите години на 20 век.

„Руската војска одговори на загубите на тешки оклопни возила со распоредување на тенкови Т-62, кои се старии над 60 години“, пишуваат Британците.

Како што тврдат Британците, постои реална можност првата гардиска тенковска армија, наводно руската ударна тенковска сила, исто така да ги постави овие тенкови за да ги прикрие загубите.

„Последниве денови се идентификувани руски оклопни транспортери БТР-50, кои првпат беа испорачани во 1954 година, а сега првпат беа распоредени во Украина“, пишуваат Британците.

Од летото 2022 година, приближно 800 Т-62 тенкови биле извадени од складиште, а некои добиле надградени системи за набљудување кои веројатно ќе ја подобрат нивната ефикасност во вечерните часови, додаваат Британците.

Но, очигледно, овие тенкови се крајно ранливи и застарени и крајно небезбедни бидејќи нивниот оклоп не е прилагоден на модерното оружје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот