Британците тврдат дека недостигот на војници веројатно ја кочи руската офанзива во Бахмут

Бахмут/ Фото: Dimitar DILKOFF / AFP / Profimedia

Британското Министерство за одбрана објави нов разузнавачки извештај за војната во Украина.

„Недостигот на војници веројатно ја кочи руската офанзива во Бахмут“, велат Британците.

Тие ги преиспитаа тврдењата на руските медиуми дека платеничката група „Вагнер“ запленила фабрички комплекс во северниот дел на градот, велејќи дека „најверојатно тоа сè уште е спорно“.

„Руските напади се сè уште на намалено ниво во однос на претходните недели. Едно од клучните достигнувања на неодамнешните украински операции веројатно беше туркањето на руските војници на групата Вагнер од рутата 0506“, соопшти британското Министерство.

0506 можеби е само селски пат, но стана клучна линија за снабдување на украинските војници. Претходно војниците на Вагнер беа на неколку стотини метри од тој пат.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно денеска предупреди дека загубата на Бахмут може да резултира со голем предизвик за Украина и може да ја принуди земјата на компромис со Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот