Британците се лути: Хари и Меган најавија нов документарец веднаш откако Кејт проговори за ракот

Принц Хари и Меган Маркл / Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Британската принцеза Кетрин вчера објави дека завршила со хемотерапијата, а новиот потег на принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл ја налути британската јавност.

Само неколку часа по објавата на принцезата, Нетфликс објави нов документарен филм за принцот Хари и Маркл. Двојката потпиша договор вреден 100 милиони долари со филмската платформа во 2020 година, а сега се објавени фотографиите од новата документарна серија наречена „POLO“.

Како и со документарниот филм Хари и Меган, зад серијата POLO стои нивната продуцентска куќа „Арчевел“.

„’POLO’ е нова документарна серија која ги следи елитните светски играчи и нуди ексклузивен поглед зад сцената на брзиот свет на спортот“, се вели во официјалното соопштение.


Од коментарите под објавата, јасно е дека многумина ѝ замеруваат на двојката и на Нетфликс што го објавија ова веднаш откако Кејт објави вест за нејзиното здравје.

„Го објавивте ова токму кога Кејт објави видео за нејзиното завршување на хемотерапијата. Нетфликс е очаен, исто како и членовите на кралското семејство од Тему“, „Зошто го објавивте ова веднаш по прекрасното видео на Кејт? Никогаш не се срамите, толку сте предвидливи“, „Одвратно е тоа што го направивте, немате сочувство“, се некои од коментарите.

Да потсетиме, принцезата од Велс објави дека ги завршила хемотераписките третмани.

„Како што му се ближи крајот на летото, не можам да ви кажам колку ми олесна што конечно завршив со хемотерапија. Последните девет месеци беа неверојатно тешки за нас како семејство. Животот каков што го знаете може да се смени за миг и моравме да најдеме начин да ги пребродиме бурните води и непознатата патека“, објави таа на Инстаграм.

Во видеото се појавува целото семејство, а е снимено во Норфолк, каде семејството го поминало летото. Во триминутното видео, Кејт си игра со принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис. Во еден момент може да се види како лежи прегрната со принцот Вилијам на ќебе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот