Брисел предупредува: Пред нас е тешка зима со сезонскиот грип, повозрасните Европјани да внимаваат

фото: ЕПА

Повозрасните жители на земјите членки на Европската унија оваа зима би можеле да се соочат со тешка сезона на грип, кој заедно со актуелната пандемија на коронавирусот има потенцијал да ги оптовари здравствените системи во Унијата, соопшти денеска Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Европската агенција соопшти дека во Хрватска, на пример, циркулацијата на грипот веќе го надминала сезонскиот праг, што е „необично рано“.

Сојот на вирусот на грип кој е доминантен оваа сезона A(H3N2) особено ги напаѓа повозрасните луѓе и тој се поврзува со намалена ефикасност на вакцината против сезонскиот грип. Токму раното откривање на распространетоста на тој тип е показател дека претстојната сезона би можела да биде тешка, им кажа на новинарите шефот на програмата за грип на ЕЦДЦ, Паси Пентинен.

„Вртоглавиот раст на инфекции на грип за време на тековната пандемија на ковид-19 би можел да има сериозни последици по старите лица и би можел дополнително да ги оптовари здравствените системи, кои веќе се под притисок на ковид-19“, додаде Пентинен.

ЕЦДЦ забележува дека ограничувањата поврзани со коронавирусот за време на минатата сезона речиси целосно го елиминирале ширењето на грипот во ЕУ, сугерирајќи дека мерките како заштитните маски и дистанцирањето биле ефикасни против оваа болест.

Пентинен повика на вакцинација на ризичните групи и против коронавирусот и против грипот, како ефикасна заштитна мерка против тешките форми на овие болести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот