Брисел потврди: Вучиќ и Курти на состанок со Борел и Лајчак на 18 март во Охрид

Фото: Инстаграм

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, го потврдија учеството на продолжувањето на дијалогот на 18 март во Охрид со посредство на шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, објави Европската служба за надворешни работи. (ЕЕАС)

„Специјалниот претставник на Европската унија за дијалог, Мирослав Лајчак, претходно ќе има одвоени средби со Вучиќ и Курти, по што ќе следи трилатерална средба, која ќе биде фокусирана на финализирање на анексот за имплементација на европскиот договор за патот кон нормализирање на односите меѓу Косово и Србија“, објави портпаролот Петер Стано во соопштението..

По средбата со Вучиќ и Курти во Брисел на 27 февруари, Борел објави дека го поддржуваат предлогот на ЕУ за нормализација на меѓусебните односи и изразиле подготвеност да почнат да го спроведуваат.

Лајчак денеска во Приштина разговараше за продолжување на дијалогот со Курти и косовската претседателка Вјоса Османи, а најавено е дека Курти ќе се сретне и со амбасадорите на земјите од Квинта.

Во соопштението од кабинетот на Вјоса Османи, се наведува дека таа ја истакнала посветеноста на Косово за „процес кој придонесува за долгорочен мир, безбедност и одржлив просперитет во регионот“.

„Анексот на имплементацијата на основниот договор, договорен во Брисел (27.02.) треба да биде во духот на принципите усвоени во Собранието на Косово, а тоа се неповредливоста на суверенитетот, територијалниот интегритет, уставноста и функционалноста на државата Косово“, истакна Османи.

Со пораката дека „Косово останува конструктивна страна во процесот на дијалог и координирана со своите партнери“, Османи повтори дека косовското Собрание треба да го има последниот збор за договорот во согласност со уставните процедури, се наведува во соопштението за медиумите што го пренесе Гласот на Америка.

Како дел од подготовките за средбата меѓу двете партии во Македонија со посредство на Европската Унија, Лајчак ќе престојува во Белград на 13 и 14 март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот