Брисел нема ништо против најавата на Австрија да се сврти кон Израел за анти-ковид вакцини

Знамиња на ЕУ / Фото: EPA-EFE/PATRICK SEEGER

Брисел не се противи на земјите членки да водат преговори со други производители на вакцини, одговорија денеска портпаролите на Европската Комисија на новинарско прашање.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, иницијативите на поединечни земји членки да преговараат за вакцини на своја рака не е спротивно на правилата на ЕУ сѐ додека не станува збор за преговори со производителите на вакцини покриени од стратегијата на ЕУ за вакцини.

Австрија и Данска најавија дека ќе се свртат кон Израел за вакцините од втора генерација поради бавниот процес во ЕУ.

На денешниот брифинг во Европската Комисија портпаролите изјавија дека земјите членки се слободни да преговараат надвор од рамките на ЕУ, но нагласуваат дека процесот ќе се забрза.

– Имаме стратегија за вакцини со шест компании и преговараме со две други. Она што е зад овие преговори е дека ние заедно преговараме, земјите членки и Европската Комисија, и не треба да има паралелни преговори со производителите покриени во оваа стратегија, но за оние што се надвор од стратегијата ништо не ги спречува земјите членки на ЕУ да дискутираат за други вакцини, изјави Стефан Де Керсмакер, портпарол за здравство.

Надвор од ова Европската Комисија одбива да ги коментира изјавите на официјални лица од земјите членки за ефикасноста на процесот на вакцинација во ЕУ и нагласува дека до ова лето е уверена дека ќе се постигне целта да биде вакцинирано 70 отсто од возрасното население во ЕУ.

Европската Комисија инсистира исто така дека Европската агенција за лекови дава гаранции за ефикасноста и безбедноста на вакцините што ги одобрува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот