Брисел контра нон-пејперот на Јанша: Унитарна БиХ има иднина во ЕУ

Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Европската унија ќе се обиде да ја убеди БиХ дека земјата има иднина во ЕУ, откако претходно нон-пејпер на словенечката влада внесе голема забуна, се наведува во интерен документ кој го објавува агенцијата Ројтерс

Со документот кој го добија претставници на ЕУ во април се предлагаше прекројување на границите по етнички линии на Западниот Балкан, во обид да се одблокираат европската иднина и закочените реформи во регионот. Нон-пејперот, чиј наводен творец беше словенечкиот премиер Јанез Јанша, предизвика бура од негативни реакции во Босна и Херцеговина која се надева на членство во ЕУ и НАТО. 

„ЕУ ја потврдува својата недвосмислена посветеност на перспективата на БиХ во ЕУ како унитарна, обединета и суверена држава“, се наведува во документот на 24 страници подготвен за состанокот на претставниците на БиХ со првиот дипломат на ЕУ, Жозеп Борел. Во него се бара и спроведување на серија тешки реформи, пред БиХ да може да стане кандидат за членство во ЕУ.

ЕУ досега не го коментираше официјално словенечкиот нон-пејпер, но Јанша остро демантираше дека бил испратен таков документ и ги обвини медиумите за ширење „лажни вести“ чија цел е да се наштети на словенечките напори за интеграција на земјите од Западниот Балкан во ЕУ.

Во неофицијалниот документ се наведуваше дека нерешените национални прашања на Србите, Хрватите и Албанците се пречка за интеграција на регионот во ЕУ и предлагаше нивно надминување со промена на границите и размена на територии.

Како дополнителна гаранција за БиХ, ЕУ повикува и на изборна реформа на линијата на Дејтонскиот договор од 1995 година. Минатиот месец и НАТО ги поддржа евро-атлантските аспирации на БиХ и повика на итни политички, економски и други реформи согласно Дејтонскиот договор.

Преземено од „Дојче веле“ 

[sc name=”dw” ][/sc]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот