Брисел ја забранува проституцијата поради коронавирусот

Фото: Профимедиа

Градските власти во Брисел најавија дека ќе ја забранат проституцијата до ново известување, со цел да се обидат да го спречат ширењето на коронавирусот.

Три хотели во кои работеле проститутки се затворени поради непочитување на мерките за физичко растојание.

Најавено е дека полициските контроли ќе бидат засилени, со цел да се обезбеди почитување на забраната.

Од понеделник, баровите и кафулињата во Брисел мора да бидат затворени од 23 до 6 часот наутро, додека другите угостителски објекти се отворени до 22 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот