Брисел ја суспендира развојната помош за Мјанмар: ЕУ нема да финансира воени власти

Фото: mia.mk

Европската Унија (ЕУ) ја суспендира развојната поддршка за проектите во Мјанмар за да го избегне обезбедувањето на финансиска помош за армијата што минатиот месец насилно ја презеде власта во земјата, соопштија денеска официјални претставници на Унијата.

Британските медиуми, повикувајќи се на неименуван функционер на СТО, пренесуваат дека ЕУ го известила комитетот на Светската трговска организација дека ги суспендира сите форми на развојна соработка што би ги поддржала воените власти во оваа азиска земја.

Европската комисија потврди дека ја суспендира буџетската поддршка, вредна повеќе стотици милиони евра за училишта, за изборите и за руралниот развој за период од неколку години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот