Брисел ја испразни својата каса за Украина!

Украина ЕУ
Фото: EPA/SERGEY DOLZHENKO

Европската комисија ќе продолжи да ја поддржува Украина сѐ додека тоа е потребно, иако расположливоста на буџетски средства е исцрпена, објави денеска Комисијата, презентирајќи го својот нацрт-буџет за 2024 година. По руската агресија, буџетот на ЕУ беше мобилизиран за поддршка на Украина и земјите од ЕУ кои примаат бегалци, но зголемените трошоци бараат прилагодување во повеќегодишната финансиска рамка за 2021-2027 година.

Вонредните трошоци за Украина лани биле 53 милијарди евра, а заедно со дополнителните средства што ги издвоиле државите за украинските бегалци, вкупната сума достигнала 70 милијарди евра. Комисијата денеска предложи годишен буџет на ЕУ од 189,3 милијарди евра за 2024 година. Буџетот ќе биде дополнет со приближно 113 милијарди евра грантови од Некст Генерејшн ЕУ, алатката на ЕУ за закрепнување по пандемијата.

Нивниот комбиниран капацитет ќе продолжи да го придвижува тековното економско закрепнување на Европа и создавањето работни места, истовремено зајакнувајќи ја стратешката автономија.

Во последниве години, ЕУ се соочи со исклучителни предизвици, вклучително и брзо растечката инфлација, кои извршија значителен притисок врз способноста на буџетот да продолжи да ги задоволува потребите што произлегуваат од новите случувања, објави „Сегабгњус“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот