Брисел го осуди задушувањето на протестите во Иран, во кое загинаа над 40 луѓе

Иран протест/ Фото EPA-EFE/STR

Европската унија денеска ја оцени како „неоправдана и неприфатлива” „несразмерната употреба” на сила против демонстрантите во Иран, по деветдневните протести поради смртта на Махса Амини, во кои загинаа 41 лице.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, исто така, ја осуди одлуката на иранските власти драстично да го ограничат пристапот до Интернет и да ги блокираат платформите за размена на пораки.

Борел рече дека тоа е „флагрантно кршење на слободата на говорот”.

Протестите во Иран почнаа на 16 септември, на денот на смртта на 22-годишната Махса Амини. Таа беше уапсена на 13 септември од „моралната полиција“ поради кршење на строгиот исламски кодекс на облекување. Девојката падна во кома и почина во болница. Наспроти тврдењето на властите дека таа починала од „ненадеен срцев удар“, демонстрантите се уверени дека Амини била тепана во полицијата дека тоа ја предизвикало нејзината смрт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот