Брисел го обвини „Њујоркер” за „невистинити наводи”

ЕУ Брисел/ Фото: МИА

Портпаролот Петер Стано денеска реагираше на истражување на американскиот магазин „Њујоркер” за улогата на Европската Унија во управувањето со мигрантите во Либија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во долго и исцрпно истражување во декемвриското издание новинарите на престижниот магазин Њујоркер откриваат како се одвива системот на управување со мигранти и баратели на азил во либиските води и тврди дека „Европската Унија создаде имиграциски систем во сенка кој ги застанува мигрантите пред да пристигнат во Европа”.

Европската Унија е задолжена да ги обучува либиската крајбрежна полиција, организација блиска до милицијата и чија цел, според истражувањето на Њујоркер е да ги саботира операциите на спасување на мигранти.

Па така на пример, кога брод на невладината организација Сивоч во 2017 тргнала во операција на спасување на чамец полн со бегалци кој тонел, либиската крајбрежна полиција „со голема брзина” пристигнала, што предизвикало превртување на мигрантскиот чамец. Полицијата ги извлекла луѓето од вода истовремено тепајќи ги. Според Сивоч дваесет лица умреле во текот на оваа „спасувачка мисија” на либиските сили, меѓу нив и двегодишно дете.

Кога се фатени и вратени во Либија мигрантите се задржани во затворени кампови се мета на постојана бруталност и насилство.

Истражувањето на Њујоркер се заснова на десетици сведочења на хуманитарни организации, мигранти, а цитирани се и извори од самата Европска Комисија. Њујоркер има и еден од најголемите сервиси на проверка на факти во својата редакција.

На денешниот редовен брифинг на Европската Комисија, портпаролот Стано енергично ги отфрли обвинувањата дека ЕУ создала „имиграциски систем во сенка” кој и овозможува на ЕУ да ги држи мигрантите оддалечени од Европа.

-Тоа што го напиша Њујоркер не е баш точно, нашата логика на соработка со Либија е да спасиме животи, не испраќаме пари на ниедна организација или милиција, природата на нашата соработка со либиската крајбрежна стража е да спасиме живот, да обезбедиме опрема и да ги обучуваме за да бидат способни да спасуваат животи во нивните територијални води, изјави Петер Стано.

Тој додаде дека со оглед на граѓанскиот конфликт во Либија ситуацијата “не е идеална” и дека треба да се погледне поширокиот контекст на конфликт.

-Откако ќе има одржливо решение за мир ќе биде возможно да се справиме со проблемите соодветно врз основа на тоа како сакаме идеално да се одвива ситуацијата, изјави портпаролот. Сѐ што правиме е во контекст на тоа дека немаме пристап до либиските територијални води, нашиот приоритет е да спасиме животи и да ја обучуваме либиската крајбрежна полиција, парите се за обука и освестување за тоа како да се третираат луѓето и да се почитуваат животите, додаде портпаролот.

За Европската Комисија се чека стабилизација на политичката ситуација во Либија за да се смени начинот на управување со миграциската криза како и со ред други теми.

-Њујоркер обвинува дека создаваме нелегален имиграциски систем, тоа е едноставно невистинито, нашиот ангажман е спасување животи, повтори Стано.

Стано додаде дека Брисел се надева дека ситуацијата на терен ќе се подобри после изборите во Либија на 24 декември.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот