Бријаторе за Ферари: Ништо не промениле од лани, тешко ќе ја освојат титулата

Ферари сака да им биде конкуренција на Мерцедес и Ред Бул во трката за шампионската титула/Фото: EPA-EFE/ASANKA BRENDON RATNAYAKE

Поранешниот прв човек на Бенетон Рено, Флавио Бријаторе смета дека Ферари нема големи шанси да триумфира во Формула 1 шампионатот.
На тестирањата пред стартот на сезоната Ферари доминираше и многумина се надеваат дека конечно ќе успеат да ја прекинат доминацијата на Мерцедес. Но на првата трка возачите на Мерцедес, Валтери Ботас и Луис Хамилтон остварија еден-два победа, додека двоецот на Ферари, Себастијан Фетел и Шарл Леклерк трката за Големата награда на Австралија завршија на четвртото и петтото место.

– Ќе биде многу тешко. Ферари ништо не промени во споредба со минатата година. Имаа три месеци во текот на зимата да направат конкурентен болид, но Ферари не е ниту близу до намалување на предноста на Мерцедес – изјави Бријаторе.

Според Бријаторе има само еден фаворит за титулата, тимот на Мерцедес .
– Со толку силен Мерцедес, единствената трка за титулата ќе биде помеѓу Хамилтон и Ботас. Сметам дека Мерцедес ќе продолжи да доминира. Штом од Ферари уште почнуваат со оправдувања за лошата трка, значи дека ќе биде многу тешка сезона за нив – вели Италијанецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот