Брифинг на првиот човек на СЗО: Ковакс иницијативата за фер дистрибуција на ковид вакцините со 184 држави

Фото: EPA-EFE/MARTIAL TREZZINI

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска изјави дека 184 земји се приклучиле на „Ковакс”, глобална иницијатива на организацијата за правична дистрибуција на залихи на вакцини против коронавирус, како во богатите така и во сиромашните земји.

– Фер дистрибуција на вакцини е најбрзиот начин да ги обезбедиме заедниците со висок ризик, да се стабилизираат здравствените системи и да се почне вистинско глобално економско закрепнување, рече Тедрос на брифинг со новинарите во Женева.

Тој додаде дека Еквадор и Уругвај се последните кои се приклучија на Ковакс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот