Брегзит скапо ќе ја чини една медитеранска држава, шетата е речиси 10 милијарди евра

Централната банка на Шпанија соопшти дека оваа земја ќе претрпи сериозна финансиска штета во случај на Брегзит без договор.

Во извештајот Централната банка на Шпанија наведува дека во случај на Брегзит без договор, Шпанија во текот на наредните пет години ќе претрпи штета поголема од 9,5 милијарди евра.

Се напоменува и дека било која форма на Брегзит ќе предизвика финаниска штета во Шпанија.

Во извештајот се додава дека во случај на Брегзит без договор економскиот раст на Шпанија во наредните пет години ќе расте за 0,82 oтсто.

Аналитичарите од Централната банка на Шпанија проценија дека, доколку дојде до Брегзит без договор, Шпанија во следните пет години ќе забележи пад на извозот од 2,6 проценти, како и пад на увозот од 1,78 отсто.

Британскиот парламент на 14 март го усвои предлогот на Владата на премиерката Тереза Меј за повторно гласање за договорот за Брегзит и одложување на истиот до 30 јуни.

Според оваа одлука, Велика Британија веројатно нема да ја напушти Европската Унија на 29 март, како што беше планирано.

Се очекува дека премиерката Меј дека наскоро ќе побара од официјалните лица на Европската Унија да го одобрат одложувањето на Брегзит до 30 јуни.

Ако ЕУ се согласи на одложување, Велика Британија нема да го напушти блокот на 29 март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот