Бретон: Во ред е членките на ЕУ да набават кинески и руски вакцини

Фото: EPA-EFE/ITALIAN ECONOMIC DEVELOPMENT MINISTRY / HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Еврокомесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон изјави дека е во ред ако членките на Унијата сакаат да набават вакцини против коронавирусот од руски и кинески производител. Во разговор за бриселски „Политико”, тој го поздрави потегот на Австрија и Данска да соработуваат со Израел во врска со вакцините.

– Немам никаков страв дека е тоа е насочено против никого. Тоа е само подобрување на глобалната соработка, рече Бретон.

Бретон инаку е задолжен за разговори со претставници на компаниите „АстраЗенека“, „Фајзер“ и „Модерна“, кои произведуваат вакцини против коронавирусот.

На прашањето да го коментира интересот на Унгарија, Словачка, Полска и Чешка за руската вакцина „Спутник V“, тој рече дека сите дози што ги добиваат тие земји се само „капка во морето”.

– Она што сега ни требаат се дози, а не нови вакцини, рече Бретон, додавајќи дека Унгарија примила 40.000 дози руска вакцина, а потребни се милиони, а земјите-членки ќе добијат милиони дози вакцини со помош на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот