Брестовац со две измени за средбата со Исланд

фото: РФМ

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија,  Данило Брестовац одлучи да направи две измени во составот за утрешниот натпревар (20 ч.) против Исланд во квалификациите за пласман на ЕП 2020.

Од тимот кој оствари голема победа во Рејкјавик, отпадна левото крило Бојан Маџовски и на негово место Брестовац го пријави Димитар Димитриоски од Металург. Втората измена е на позицијата десен бек, Мартин Серафимов ќе го замени Томислав Јагуриновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот