Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Данило Брестовац одлучи да направи две измени во составот за утрешниот натпревар (20 ч.) против Исланд во квалификациите за пласман на ЕП 2020.
Од тимот кој оствари голема победа во Рејкјавик, отпадна левото крило Бојан Маџовски и на негово место Брестовац го пријави Димитар Димитриоски од Металург. Втората измена е на позицијата десен бек, Мартин Серафимов ќе го замени Томислав Јагуриновски.