Брестовац принудно направи две измени

фото: РФМ

Селекторот на машката ракометна репрезентација, Данило Брестовац принудно направи две дополнителни измени на списокот на повикани ракометари за претстојниот собир во пресрет на квалификациските натпревари против Исланд за пласман на ЕП 2020.

Ново име во репрезентацијата е Мартин Манасков, ракометарот на Пролет кој е повикан како замена за повредениот Горан Крстевски од Еурофарм Работник, а на ракометарите им се приклучува и голманот на Металург, Мартин Томовски.

Собирот на ракометари е закажан за в понеделник, а првиот натпревар со Исланд се игра на  10 април во Рејкјавик, а четири дена подоцна двете селекции ќе се сретната повторно, овој пат во Скопје.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот