Брестовац: Време е некој од помладите ракометари да блесне

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Данило Брестовац со денешната прозивка и официјално ги стартува подготовките за настапот на ЕП 2020 кое ќе се одржи во Австрија, Норвешка и Шведска.

Во првата фаза од подготовките која ќе помине во неколкудневни тренинзи во Скопје, а потоа ќе се играат контролни натпревари со Србија и со Романија, Брестовац ќе им даде шанса на младите ракометари да се наметнат и евентуално да се најдат на финалниот список на патници на ЕП.

– Акцентот на овие подготовки ќе биде повеќе на пријателските натпревари. Неделава на собир ќе бидат овие ракометари, кои му доаѓаат како Б-репрезнетација. Ќе видиме кој ќе се наметне од нив и кој ќе се придружи на завршните подготовки во Словенија, јас сум тренер кој верува во младите и им дава шанса.

Можеби малку грубо звучи да имаме и А-тим и Б-тим, но составите мора да се категоризираат. Имаат четири натревари да ме убедат и да успеат да обезбедат место во А-тимот. Овие ракометарите имаат проблеми во нивните клубови, имаат мала минутажа. Нивно е да ги демантираат прво своите тренери во екипите дека заслужуваат поголема минутажа, а потоа да се наметнат и тука. Очекувам дека ќе блесне некој од младите, ова не е последна шанса, но редно време е да исплива некој на површина – вели Брестовац.

Главната цел на селекторот е ракометарите да обезбедат пласман во втората фаза од ЕП.
– Украина, Чешка и Австрија се ривали во нашата група и кои можеме да ги победиме. Секако дека се ќе зависи од нас. Фокусиран сум на Украина, тоа е важен меч бидејќи со победа ќе направиме значаен чекор напред кон следната рунда, а во зависноат од исходот на мечот Чешка – Австрија ќе биде јасно и какви ќе бидат математиките пред останатите две кола – смета Брестовац.

На собирот беше и најдобриот голман во СЕХА лигата, и еден од адутите на ЕП, голманот Никола Митревски кој сигурно е најскусниот ракометар што ќе ја одработи првата фаза од подготовките. Митревски смета дека главниот адут на Македонија на ЕП е искуството и континуитетот на настапи на големите натпреварувања.

– Нашиот адут се искуството и континуитетот. Фактот дека дека голем дел од клучните ракометари подолго време играат заедно, а исто така имаме континуитет на настапи на големите натпреварувања и тоа е нешто што го немаат останатите селекции од нашата група. Имаме група во која нема изразит фаворит, квалитетот е израмнет, но тоа е наша шанса да сториме се не само за да се пласираме на ЕП, туку и да стигнеме до првото место и да пренесеме бодови кои многу би ни значеле во борбата за што повисок пласман – вели Митревски.

Втората финална фаза од подготовките ќе се одработи во Словенија кога и репрезентацијата ќе се комплетира, односно ќе се приклучат најискусните ракометари, а потоа директно одат во Австрија каде на 10 јануари во Виена играат против Украина во првото коло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот