Брестовац со комбиниран состав против Грузија

/Фото: РФМ

Селекторот на македонската сениорска репрезентација на Македонија, Данило Брестовац, ќе излезе со комбиниран состав за пријателскиот дуел со Грузија. Вечерашниот пријателски натпревар со Грузија (20.00 часот) во СЦ „Борис Трајковски” во Скопје е во рамките од ЕХФ неделата.

Претходно во Ескишехир не настапивме со најсилните, триумфиравме над Турција (26:23), а ремизиравме со Италија (26:23).

Состав на Македонија: Мартин Томовски, Борко Ристовски, Дејан Манасков, Бојан Маџовски, Мартин Поповски, Ненад Костески, Филип Талески, Филип Кузмановски, Дејан Кукуловски, Марко Мишевски, Дарко Димитриевски, Марио Танкоски, Мартин Велковски, Кирил Лазаров, Томислав Јагуриновски, Горан Крстевски, Жарко Пешевски, Филип Арсеновски.

Ракометната Федерација на Македонија ги поканува сите љубители на ракометот да дадат поддршка на нашата репрезентација, влезот е слободен.

Нашите најдобри ракометари овие контролни мечеви ги користи како подготовка за настапот на наредното Европско првенство кое што ќе се игра во јануари 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот