Брестовац: Швеѓаните не надиграа и си ја заслужија победата 

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Данило Брестовац признава дека неговите избраници беа целосно надиграни од Шведска во првиот натпревар на Мундијалот во Египет.

– Швеѓаните беа подобри во текот на целиот меч, особено во ситуациите „еден на еден“ и целосно ја заслужи победата, на што им честитам.Се надевам дека ќе се сретнеме во иднина. Засега немавме никакви проблеми од организациски аспект, мерките што се преземаат се сосема во ред. Очекувам да играме подобро против Египет, ќе се подготвиме добро за тој меч и се надевам на добар резултат – изјави Брестовац.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот