Брестовац: Сакам Кире да игра цел натпревар, но мора да бидеме реални дека има 40 години

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Селекторот Данило Брестовац, на подготовките во пресрет на настапот на Европското првенство, контролните натпревари ги играше без капитенот Кире Лазаров.

Лазаров и останатите интернационалци добија поштеда и не играа на „Трофеј Карпати“ кон крајот на декември, туку тие на репрезентацијата се приклучија на 2 јануари и третиот дел од подготовките кои се одржаа во Словенија. Македонија ја последните две контроли против Словенија и Црна Гора играше без капитенот Кире Лазаров.

– Јас искрено би сакал Лазаров да игра постојано, да игра 60 минути на натпревар. Но, да бидеме реални, Кире е во поодминати години и сепак природата си го чини своето. А, ние мора да го почитуваме тоа. Затоа неопходно е и јас како селектор да ги почитувам размислувањата на Лазаров. Факт е дека ние сме 60-70% подобри со Кире во тимот, но има 40 години и ние тоа мора да го почитуваме – вели Брестовац.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот