Брестовац повика 23 ракометари за ЕХФ неделата – Слободен печат
РакометСпорт

Брестовац повика 23 ракометари за ЕХФ неделата

Предводени од најискусниот Кирил Лазаров, а пивотот на Вардар Стоилов и натаму се опоравува од повредата.

Селекторот на машката сениорска репрезентација Данило Брестовац го објави списокот на повикани ракометари за претстојниот собир и настап на машката сениорска репрезентација за меѓународни пријателските натпревари во рамки на ЕХФ неделата.

За време на ЕХФ неделата која ќе се одржи од 21 до 27 октомври 2019 година во рамки на подготвителниот период за настап на Европското Првенство 2020 во Австрија, Шведска и Норвешка, сениорите ќе одиграат меѓународни пријатески натпревари против репрезентациите на Турција и Грузија.

Повикани се 23 репрезентативци предводени од најискусниот Кирил Лазаров, десниот бек на францускиот ракометен клуб Нант.

Во составот не се наоѓа пивотот на европскиот шампион Вардар, Стојанче Стоилов кој сеуште се опоравува од повредата.

Списокот на повикани ракометари можете да го погледнете на следниот ЛИНК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close