Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Данило Брестовац, е задоволен од победата над Чиле на Мундијалот во Египет што значеше пласман во наредната рунда и нови три натпревари, против Словенија, Русија и Белорусија.
Брестовац смета дека со победата и пласманот во наредната рунда се намалува притисокот врз ракометарите.
– Да бидам искрен, не се сомневав дека ќе го победиме Чиле. Кога се ќе се собере и одмземе – ова беше тимска победа во која секој си го даде оптимумот. Триумфот над Чиле може да биде позитивен знак, да направиме чекор напред, па во следните три меча да влеземе порастоварено, затоа што нашата цел е остварена и ќе може да играме без голем притисок. Она што го очекувам е да се наметнеме со некој квалитет, борбеност и дисциплина и да покажеме нешто што не го покажавме претходно. Овие играчи имаат мала минутажа во клубовите, носат позитивен притисок затоа што играат за националниот тим, ама со нив мора да бидеме и потрпеливи – вели Брестовац.
Брестовац: Победата над Чиле може да биде позитивен знак
Видео на денот
Најчитани
Србија пред затворање: Ситуацијата во Ниш е на раб на катастрофа
По обвиненијата од српската водителка се огласи Калиопи: Не знам што ѝ е на госпоѓата, никој не ме навредил како Весна
Жељко Бебек открива: Го напуштив „Бијело дугме“ бидејќи не сакав да пеам „рамна ти е Југославија“
Цунами од потресни снимки од ужасот во Нов Зеланд ги преплави социјалните мрежи
Чепреганов за СП: Нека кажат Бугарите што е фалсификувано и нека покажат оригинали
Видеа со свирепи злосторства пронајдени во телефонот на соработничка на Веља Невоља – нови докази против криминалната група
„Лекип“ со скандалозен текст го нападна Ѓоковиќ: Толку сака да биде омилен што не можам да го поднесам
ВИДЕО I Борисов подари палто на работник на автопат: Нека ти е алал, твое е, само да ја земам маската, запалката ти ја оставам
Зошто пратеникот Апасиев не се фали дека добил државен проект за заштита на семејната куќа?
previous post