Брестовац: Најгрдата победа е поубава од најубав пораз

фото: РФМ

Кадетската репрезентација на Македонија загуби со 26:29 од фаворизираната Данска на СП. Ова беше втор пораз за кадетите и по четири кола имаат половичен ефект од по две победи и порази со кои се наоѓаат на третата позиција на табелата ви групата Ц.

Иако загубија од фаворитот Данска, младите ракометари ја одиграа најдобрата партија на мундијалот, а селекторот Данило Брестовац смета дека фалеше порасположен голман за успех против фаворизираниот ривал.

– И најгрдата победа е поубава од најубавиот пораз. Можеби игравме подобро, но пораз си е пораз. Задоволен сум од прикажаната игра, се забележува дека одиме во нагорна линија, а можеме да влеземе и во ротација. Има разлика од прикажаната игра на првите три натпревари и сега против Данска. За нешто повеќе против Данска ни недостигаше расположен голман во второто полувреме – изјави Брестовац.

Последен ривал на Македонија во групната фаза е селекцијата на Јапонија (20.30 ч.), а избраниците на Брестовац обезбедија пласман во осминафиналето на мундијалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот