Брестовац: Мора да се соочиме со реалноста, ќе боли една-две години но мора да направиме тим

Фото: macedoniahandball.com.mk

Ракометната репрезентација на Македонија со пораз од 21:31 од Словенија ги започна натпреварите во втората рунда од Мундијалот во Египет.

Иако резултатите за фановите не се посакувани, селекторот Данило Брестовац, го потенцира главниот проблем на македонскиот ракомет.

„Не е важно дали сум јас селектор, кој и да дојде е исто. Да не донесе некој нов селектор 16 нови играчи? Тие се играчите што ги имаме. Проблемот е што тие не играат во своите клубови. И на сето тоа што не играат уште им се носат странци во екипите и тоа не врвни. Погледнете каде играат играчите на Словенија, а каде играат нашите. Погледнете каква минутажа имаат нашите играчи во своите клубови. Слушам критики дека не е земен овој или тој. Дури и играчи што не се ни во првиот тим на својот клуб. Не се добри за прв тим, а треба да се добри за репрезентација.Потоа виновна била федерацијата, виновен бил селекторот. Мораме да се соочиме со реалноста, да работиме. Ќе боли една две години, битно е да направиме тим. И ќе биде и полошо пред да биде подобро. Овде видовме и научивме многу, се отвораат и добри работи, влегуваме во еден систем – изјави Брестовац.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот