Брестовац го скрати списокот за Турција и Грција – Слободен печат
РакометСпорт

Брестовац го скрати списокот за Турција и Грција

Селекторот на сениорската репрезентација, Данило Брестовац, одбра 22 репрезентативци за последните евро квалификациски дуели за пласман на ЕП 2020.

Со овие играчи Брестовац ќе ги одработува последните подготовки за клучните дуели кои што водат на континенталниот собир кој што ќе се одржи наредната година во три земји: Австрија, Норвешка и Шведска.

Од поширокиот список на селекторот отпаднаа Мартин Поповски, Марко Кизиќ, Марко Мишевски, Михајло Младеновиќ, Гоце Ојлески и Дарко Димитриевски. Дебитант во сениорскиот состав е кадетскиот репрезентативец, десното крило Ненад Костески.

фото:РФМ

Список на репрезентативци:

Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски и Мартин Томовски.

Крила: Дејан Манасков, Бојан Маџовски, Димитар Димитриоски, Гоце Георгиевски и Ненад Костески.

Бекови: Филип Талески, Филип Кузмановски, Мартин Манасков, Марио Танкоски, Горан Крстевски, Кирил Лазаров, Томислав Јагуриновски, Мартин Серафимов, Велко Маркоски и Милорад Кукоски.

Пикери: Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Жарко Пешевски и Филип Арсеновски.

Дуелот против Турците на гостински терен сениорите ќе го имаат на 12 јуни, а четири дена подоцна во салата „Парк“ во Струмица ќе ги пречекаме Грците од 18.00 часот.

Собирот на репрезентацијата е закажан за в сабота, од 13.00 часот, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close