Брестовац го објави поширокиот список за кадетскиот Мундијал

фото: РФМ

Селекторот на машката кадетска ракометна репрезентација, Данило Брестовац го објави поширокиот список од 23 ракометари кои ќе ги започнат подготовките за настапот на светското кадетско првенство коие од 5 до 18 август ќе се одржи во Скопје.

Главни адути на Брестовац се очекува да бидат Костески и Серафимов кои веќе имаат настапи и за сениорската репрезентација на Македонија.
Собирот  е закажан на 10 јули со почеток во 13:30 часот во Струга во Хотел „Арбери”.

Кадетите се наоѓаат во групата Ц заедно со селекциите на на Аргентина, Нигерија, Јапонија, Бахреин и Данска.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот