Селекторот на ракометната репрезентација Данило Брестовац, вели дека неговите играчи потфрлија на физички план и затоа се должат двата порази на стартот од СП.
Брестовац верува дека ракометарите ќе го совладаат Чиле и ќе обезбедат пласман во следната фаза.
– Имавме малку време да се подготвиме за овој Мундијал. Физички, не бевме добро спремни за овие две средби, ама сметам дека моите играчи ќе бидат подготвени и физички и ментално за натпреварот со Чиле. Одигравме две средби со нив, сметам дека ќе го победиме Чиле и дека ќе одиме во следната рунда. Игравме против две големи репрезентации во воведните две кола, па треба да научиме многу од овие настапи – изјави Брестовац по натпреварот.