„Брера Холдинг“ и официјално објави дека ја купува Академија Пандев

Фото: ФК Академија Пандев

Италијанско-американската компанија „Брера Холдинг“ денес објави дека ја купува Академија Пандев.

Вакво нешто се најавуваше и претходно, а сега добивме и официјална потврда. Во потврдата се објавува дека Академија Пандев во иднина ќе се ребрендира во ФК Брера.

„Ова е примерот на Брера Холдингс за имплементација на својата меѓународна стратегија, која паралелно ќе форсира ширење и промоција на брендот Брера ФК во Источна Европа. Со купувањето на Академија Пандев и ребрендирањето во Брера планот е да се зголеми тимскиот напредок, а местото е идеално за да се подготват фудбалерите за меѓународниот пазар и да се остварат приходи од настапите во УЕФА“, стои соопштението од компанијата.

Пандев во 2010 година ја основаше Академија, прво како младинска школа, а потоа и со сениорски тим, кој во 2019 година го освои Купот на Македонија, а минатата сезона беше виепрвак. Пандев е независен член на Бордот на директори на „Брера Холдингс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот