Брентфорд го понижи Јунајтед, му даде четири гола за едно полувреме

Катастрофален почеток на сезоната за Манчестер јунајтед/фото: EPA-EFE/Peter Powell

Фудбалерите на Манчестер јунајтед доживеаја вистинско понижување во второто коло во Премиер лигата губејќи со убедливи 4:0 на гостувањето кај Брентфорд.

За мизеријата на Јунајтед да биде поголема, Брентфорд сите четири гола ги постигна во првото полувреме и ги остави „црвените ѓаволи“ на нула по две кола во Премиер лигата, откако на стартот беа изненадени од Брајтон со 1:2.

Иако Кристијано Роналдо се најде во првиот тим на Јунајтед, домашните фудбалери беа подобар тим, а „голема помош“ при постигнувањето на првите два гола имаа од голманот на Манчестер јунајтед, Давид де Хеа.


Во десеттата минута Џош Дасилва шутираше од работ на шеснаесетникот, но катастрофалната интервенција на Де Хеа на кого топката му помина низ рацете му донесе водство на Брентфорд.
Катастрофалната реакција на Де Хеа и соиграчите од одбраната ја искористи Матијас Јансен за да зголеми на 2:0 во 18 минута.

до крајот на првиот дел, Брентфорд постигна уште два гола, прво Бен Ми во 30 минута зголеми на 3:0, а конечниот резултат го постави Мбуемо во 36 минута.

Домашните фудбалери „се смилуваа“ во второто полувреме, не постигнаа гол, но исто така не му дозволија на Јунајтед да креира ниту една сериозна шанса за гол.

Манчестер јунајтед по две кола има два порази во Премиер лигата и гол разлика 1:6, а во следното коло го чека најголемото англиско дерби против Ливерпул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот