Брена и Боба се селат во Америка: Потребен ни е одмор од кариерата (ФОТО)

Брена и Боба сакаат остатокот од животот да го поминат уживајќи, бидејќи со години вредно и напорно работеа без сериозен и квалитетен одмор. Брена ќе продолжи да пее поради што ќе живее на релација.

Фолк пејачката Лепа Брена (59) и нејзиниот сопруг Боба Живоиновиќ (56) неодамна прославија 28 години брак, а се чини дека се одлучија и на голема животна промена. Како што пишува српскиот портал Курир, познатиот пар ја донесе одлуката да се пресели во Мајами, па така тие ќе ја продадат куќата на Бежаниска коса во Белград. Причината за тоа е што синовите Филип и Стефан се преселија во свои домови.

– Брена и Боба сакаат остатокот од животот да го поминат уживајќи, бидејќи со години вредно и напорно работеа без сериозен одмор. Брена ќе продолжи да пее и да одржува контакти со публиката на своите концерти, поради што ќе живеат на релација Мајами-Србија, а Боба исто така преку мејл ќе ги завршува работите од Америка, а по потреба ќе доаѓаат во Белград. На оваа нивна одлука претходаа долги разговори, а со оглед на тоа дека се работи за крупен чекор, ќе чекаат идната година, кога би требало се да се поклопи и да тргнат преку океанот. Нивните деца исто така се сложија со тоа бидејќи и тие сами сакаат да одат на Флорида, каде инаку ги завршија училиштата и факултетите – раскажа близок извор на семејството Живоиновиќ.

Инаку, Брена и Боба домот во Мајами веќе со години го сметаат за свој втор дом, а Брена ја сака Америка бидејќи таму живее и нејзината сестра Фикета.

– Не се откажав од преселувањето на Флорида. Се надевам дека наскоро ќе се случи, единствено што ме држи овде е фактот дека децата ми пораснаа овде, па сфатив дека имам повеќе време да и се посветам на кариерата а тоа и го правам – изјави Лепа Брена која особено му се радува на декември во својот дом.

– Декември е месец во кој навистина имам многу обврски. Особено оние обврски кои луѓето не ги гледаат, а тоа е да имате и некоја комуникација со своето семејство. Затоа што на нашите деца им се потребни мајките во декември, а не само во другите месеци. Среќа е што сите пораснаа, па сега тие на мене многу повеќе ми помагаат отколку јас на нив – изјави пејачката која пред загребската публика ќе запее на 14 и 15 декември во Арена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот