Бременост во 40-тите години: 5 најважни работи што треба да ги знаете

Фото: Архива

Многу познати жени го раѓаат своето прво, второ или трето дете во четириесеттите години, а кога ќе го покажат тоа, се чини како игра, како да е најлесната работа на светот. Сепак, дали е навистина лесна бременоста во четириесеттите години?

Еве што треба да знаете ако планирате да раѓате во петтата деценија!

  1. Секој месец имате 5% шанси да забремените

Во триесеттите години, тие шанси се околу 20%, а кога ќе наполниш 40 години, тој процент се намалува за 4 пати, како резултат на намалувањето на бројот на јајце клетки, чиј број драстично опаѓа по 37 роденден.

  1. Се намалува и плодноста кај мажите

Мажите го имаат истиот проблем како жените, со возраста се намалува нивната плодност. Ако двајцата партнери се постари од 35 години, шансите за зачнување се намалуваат на самиот почеток.

  1. Можеби ќе ви треба ин витро оплодување и донирано јајце

Жените кои одат на ин витро оплодување во раните 40-ти години имаат 25% шанси да забременат со оплодување на своето јајце. Но, до 43-та година, овој процент паѓа на 10%, а на 44-та година, шансите се само 1,6%, па затоа најчесто се прибегнува кон употреба на донаторски јајца.

  1. Активниот живот не значи поголема шанса за зачнување

Правилната исхрана, оптималната телесна тежина и редовното вежбање можат да ја подобрат плодноста и да ги балансираат нарушувањата на овулацијата, но не да влијаат на здравјето на јајце клетките и јајниците.

  1. Може да забремените и за време на перименопауза

Перименопауза е период од околу десет години пред целосниот прекин на менструалната функција, односно менопаузата. Во овој период, бременоста е можна, но важно е да се има предвид дека ризикот од спонтан абортус е поголем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот