Бременост и коронавирус: Еве што прави вирусот во вашето тело

Моменталната стапка на смртност на коронавирус е една петтина помалку од вирусот САРС, но се шири побрзо од него. Коронавирусот е толку генетски сличен на САРС, што некои го нарекуваат и негов наследник, пишува „Нешнл Географик“.

Многу работи сè уште не се познати за коронавирусот, но со сигурно се знае колку погубен може да биде за човечкото тело. Слично е и со другите вируси кои се пренесуваат од животни на луѓе, како што се вирусот САРС и МЕРС.

Моменталната стапка на смртност на коронавирус е една петтина помалку од вирусот САРС, но се шири побрзо од него. Коронавирусот е толку генетски сличен на САРС, што некои го нарекуваат и негов наследник, пишува „Нешнл Географик“.

Водечки епидемиолог во Хонгконг, неодамна предупреди дека дури 60 отсто од светската популација може да се зарази од овој вирус доколку не се ограничи ширењето на вирусот. Според извештајот на кинескиот центар за контрола и превенција на болести, 2,3 проценти од пациентите го загубиле животот како резултат на инфекција со коронавирусот.

Тешкото здравје и морталитет не заобиколат ниту една возрасна група, освен деца под 9-годишна возраст.

Додека ваквата критична ситуација се одвива во Кина, другите земји настојуваат ги евакуираат своите граѓани кои се наоѓаат на крузерот кој е закотвен недалеку од брегот на Јапонија. Јапонското Министерство за здравство издаде соопштение во кое се вели дека досега на 88 патници им е дијагностицирана инфекција.

Што всушност се случува со човечкото тело среде борбата против коронавирусот?

Бели дробови

Во повеќето случаи, болеста започнува и завршува во белите дробови. Инфекцијата се пренесува со кашлање или кивање. Симптомите првично личат на настинка: пациентот чувствува треска и кашла. Состојбата потоа може да се влоши и потоа да се развие пневмонија.

Прочитајте и...  Во време на корона, не е време за партиска пропаганда

До денес, 82 проценти од заразените имаат благи симптоми, додека останатите случаи се сериозно болни или се во критична состојба.

Болеста настанува така што коронавирусот многу брзо ги напаѓа белите дробови. Поради присуството на вирусот, нашиот имунолошки систем се активира и произведува воспаление кое обично е локализирано само на една област. Сепак, може да дојде до презаситеност на организмот на вирусната инфекција, така што нашиот имунолошки систем започнува да уништува сè пред нас, вклучително и здравото ткиво.

Со тоа влегуваме во последната фаза. Настапува уништување на белите дробови, што може да има фатален исход. Доколку пациентот преживее, можно е да има трајно оштетување.

Желудник

Некои пациенти имаат дијареја и болки во стомакот, но сè уште нема информации дали се присутни гастроинтестинални симптоми во случај на оваа инфекција. Ако се прашувате каква врска има респираторната болест со желудникот и цревата, одговорот лежи во тоа секој вирус да се врзува за протеините што луѓето ги внесуваат во организмот. Затоа желудникот претставува сигурен начин вирусите да влезат во човечкото тело.

Не е познато дали коронавирусот, како и САРС и МЕРС, може да навлезе во големото и тенкото црево и да предизвика сериозна дијареја. Според податоците од двете неодамнешни студии, коронавирусот е откриен и во примероци од столицата од заразени лица, па затоа потребно е да се тестира дали инфекцијата може да се пренесе и преку овој пат.

Прочитајте и...  Состојба со коронавирусот во светот до 10 часот

Протокот на крв

Поради веќе споменатиот огромен одговор на имунолошкиот систем на инфекција, другите системи во човечкото тело може да бидат засегнати од коронавирусот. Во ретки случаи, пациентите претрпуваат срцев удар, како и акутно оштетување на бубрезите.

Цитокините се протеини кои го алармираат имунолошкиот систем на местото на инфекција за да го уништат заразеното ткиво и да го спасат остатокот од телото. Проблемот е во тоа што коронавирусот предизвикува огромен одговор од имунолошкиот систем, кој потоа, покрај заразените клетки, го напаѓа и здравото ткиво.

Всушност доаѓа до внатрешно крварење, во некои од најтешките случаи, органите престануваат да функционираат како резултат на цитокини и намален капацитет на внесување на кислород. Научниците се обидуваат да откријат каква е врската помеѓу хроничните заболувања, како што се срцевите проблеми или дијабетесот, со компликациите кои ги предизвикува овој вирус.

Бубрези

Неодамнешните студии покажаа дека коронавирусот може да предизвика оштетување на бубрезите. Иако станува збор за ретка појава, сепак станува збор за смртоносна последица. Исто како и црниот дроб, нашите бубрези имаат задача да ја прочистуваат крвта. Тубулите кои се содржат во нив се подложни на воспаление. Како што се филтрира крвта низ бубрезите, клетките на каналите можат да го заробат вирусот, предизвикувајќи минливо или мало оштетување. Ако вирусот се пробие низ клетките и почне да се размножува, оштетувањето на каналите станува опасно по живот.

Прочитајте и...  Двајца кумановци починаа попладнево од коронавирусот

Поројот на цитокини (што го споменавме погоре) може да предизвика и откажување на бубрезите. Важно е да се напомене дека не постојат докази дека вирусите како што е САРС-от, а со тоа и коронавирусот, можат да се размножуваат во бубрезите.

Престанок на функцијата на бубрезите понекогаш може да биде предизвикано од антибиотици, смрт на други органи, па дури и ако пациентот е предолго ставен на апарат за дишење.

Бременост и коронавирус

Неодамна, лекарите во Вухан известија дека кај две новороденчиња при тестирање е утврдено дека се заразени со вирусот. Едно од нив се заразило само 30 часа по раѓањето. Сепак, нема докази дека може овој вирус да се пренесе од мајка на дете. Постојат различни начини за заразување на бебињата, како на пример раѓање во болница која е полна со заразени пациенти.

Покрај тоа, резултатите од неодамнешната студија нудат првични докази кои укажуваат на тоа дека коронавирусот не може да се пренесе од мајка на дете. Експертите набљудуваа девет жени од Вухан кои страдаат од пневмонија предизвикана од коронавирус. Иако некои од нив доживеале компликации за време на породувањето, нема докази дека некое бебе се родило заразено.

Иако студијата не ја исклучува можноста за пренесување од мајка на дете во матката, во студијата се наведува дека е неопходно да се избегне ширењето на непотврдени претпоставки за ефектите на коронавирусот.

Прочитај повеќе

Криминалот сведен на минимум во март поради мерките на ограничувања

Слободен печат

Мал пожар во нуклеарката Пакс во Унгарија

Слободен печат

Папата Франциск формира итен фонд за помош на земјите во развој

МИА Агенција

Мис Англија ја врати круната: Баша повторно работи како докторка додека трае кризата со коронавирусот

Слободен печат

Дали жените со Ковид-19 може да дојат?

Слободен печат

Во овие термини ќе може да се шетаат миленичињата за време на викендот

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Полицаец од Куманово почина од коронавирус

Слободен печат

Владините службеници кои секојдневно патуваа во Скопје од среда ќе работат од дома

Слободен печат

Коронавирусот ги уништува мексиканските картели-цената на дрогата поскапува, бизнисот пропаѓа

Дејан Андоновиќ

Османи: Ако правите масовно тестирање, сите што денеска ќе бидат негативни, утре ќе се движат слободно сметајќи дека не се заразени

Слободен печат

Уништени 3.500 рент-а-кар возила во пожар на аеродром на Флорида (ВИДЕО)

Слободен печат

Борис Џонсон итно префрлен на интензивна нега поради коронавирусот

Слободен печат