Бремено 14-годишно девојче планира второ дете со „партнерот“ стар само 10 години

Instagram

Голем број лекари се обидоа да го оспорат тврдењето дека 10-годишно момче може да биде татко

Бремената Русинка Дарија Судњишникова (14) веќе неколку месеци по ред речиси секојдневно објавува информации околу својата бременост на социјалните мрежи. Оваа малолетничка, која забременила на 13-годишна возраст, тврди дека ужива во бременоста и е среќна поради тоа што носи дете од својот партнер Иван, кој има само 10 години.

Instagram

Во нејзината последна објава, таа вели дека во моментот е бремена со нивното прво дете, но дека наскоро сакаат да имаат и второ дете.

Instagram

Љубов на прв поглед

Веста дека Дарија е бремена од, како што тврди таа, десетгодишниот Иван, првпат беше објавена пред неколку месеци, кога двете деца, со одобрување на нивните родители, јавно излегоа да ја раскажат својата „животна приказна“. Тие двајцата тврдеа дека се познаваат околу една година и дека од мигот кога се виделе, тоа било „љубов на прв поглед“. Оттогаш па досега, насекаде во светот, медиумите пишуваат за нивната приказна, а голем број лекари се обидоа да го оспорат и тврдењето на младата Дарија, дека 10-годишно момче може да биде татко.

Instagram

– Ги проверивме наодите трипати за да не може да има грешка. Тој нема полови клетки. Сѐ уште е дете. Тој дури нема тестостерон и неговите сексуални органи сè уште се во фаза на развој. Сè уште не достигнал пубертет, така што има многу неодговорени прашања – тврди урологот Евгениј Греков.

Не се знае датумот на породување

Дарија и покрај сѐ, и понатаму објавува информации за својот приватен живот на социјалните мрежи. Таа неодамна рекла дека гинеколозите не знаат кога точно треба да се роди бебето, бидејќи со оглед на тоа што таа е многу млада, не може да се гарантира дека плодот ќе биде доносен до крај.

View this post on Instagram

?ВОПРОС – ОТВЕТ ⠀ ?Когда ПДР? ?Точную дату не знаю, так как никто не знает до какой недели я смогу дотянуть. ⠀ ?Какой телефон купили? ?Айфон 8+ ⠀ ?На какие деньги покупаете вещи и тд? ?В основном с денег с рекламы, но иногда папа зарабатывает. ⠀ ?Кто будет вписан в отцы когда ребёнок родится? ?Будет прочерк. Если Ваня в 16 лет возьмёт отцовство, то он. ⠀ ?Буду ли закрывать лицо ребёнка? ?В первые 40 дней – да. ⠀ ?Буду ли кормить ребёнка грудью? ?Если молоко не пропадёт, то да. ⠀ ?Будет ли вторая часть Пусть Говорят? ?Когда рожу, сказали что будет. ⠀ ?Планирую ли второго ребёнка? ?Возможно в будущем, когда моей крохе лет 10 уже будет ⠀ ?Что думаю на счёт хейтеров? ?Они какие-то глупенькие. Не знают что и как было на самом деле, а уже обсуждают. Не понимаю таких людей?‍♀️

A post shared by Дарья Суднишникова. Мама в 14 (@uverdig_ivv) on

Пред одредено време, младата трудница поради компликации во бременоста завршила во болница. Веднаш потоа, повторно на социјалните мрежи им се обрати на своите следбеници и откри дека „многу се исплашила, бидејќи мислела дека ќе се породи предвреме“, односно во 31. недела.

Instagram

Неодамна се обиде да ја смени приказната

Откако цел тим лекари се обидоа да ги оспорат нејзините тврдења, во една прилика Дарија истакнала дека освен што била со Иван, неа ја силувал и „еден многу дебел човек“.

Токму затоа, веднаш откако ќе се роди, бебето ќе биде подлегнато на ДНК- тестирање за да се утврди дали во целата оваа ситуација има можност за отворање истрага против нејзиниот напаѓач.

Од друга страна, пак, Иван вели дека тој е таткото на детето, но и признава дека по малку се плаши од доаѓањето на бебето.

принтскрин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот