Бремената „докторка“ чиј свекор имал ковид-19 всушност лажела дека е лекар, немала ниту работна дозвола

Фото:

Лекарската комора утврди дека пациентката не е впишана во Регистарот на лекари во РСМ и не поседува лиценца за работа, ниту пак била во постапка за стекнување со истата, односно во постапка за полагање на државен испит.

Пациентката за која „Слободен печат“ пишуваше, која пред породувањето била високиризична за присуство на коронавирусот, а дала лажни податоци во епидемиолошката анкета всушност лажела дека е доктор, немала ниту лиценца за работа, велат од Лекарската комора.

Лекарската комора на РСМ на барање на ДСЗИ извршила проверка во Регистарот на лекари од причина што во моментот на престојот во двете здравствени установи пациентката се претставувала дека е лекар.

Лекарската комора утврдила дека пациентката не е впишана во Регистарот на лекари во РСМ и не поседува лиценца за работа, ниту пак била во постапка за стекнување со истата, односно во постапка за полагање на државен испит.

Лекарската комора нема информации дали пациентката поседува диплома и се стекнала со звање доктор на медицина на некои од високообразовните институции во земјава или странство.

Лекарската комора остро го осудува ваквото неодговорно однесување со кое пациентката ги загрозила здравствените работници, родилките и новороденчињата во двете здравствени установи, а однесувањето уште повеќе е неприфатливо доколку навистина се работи за медицинско лице, поради што апелираме до надлежните органи да продолжат со истрагата до целосно расчистување на случајот.

ХАВАРИЈА Лекарка дошла да се породи на ГАК без да пријави дека свекорот има коронавирус!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот