Бремена жена во шести месец се породила сама дома, родила мртов плод

Жена од скопското село Драчевица која била бремена во шести месец, вчера попладне сама дома родила мртво бебе, информира МВР.

На 05.07.2020 во 14.16 часот во Полициската станица Драчево, лекар од Итна медицинска помош пријавил дека жена од с.Драчевица, скопско, која била бремена во шести месец, во итна медицинска помош пријавила дека, додека била сама дома, родила мртво бебе- информира МВР.

Од лекар од Итна медицинска помош кај новороденчето била констатирана смрт, без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот