Бремена медицинска сестра почина од коронавирус: Лекарите едвај го спасија бебето, Британија во шок

EFE/GIUSEPPE LAMI -- ATTENTION EDITORS

Британска медицинска сестра во поодмината бременост, на возраст од 28 години почина од коронавирус. Лекарите успеаја да го спасат само бебето.

Бремените здравствени работници низ Велика Британија отворено зборуваа за нивниот страв да бидат во првите редови во борбата против кризата со коронавирус, бидејќи медицинска сестра која работела речиси полно работно време, почина од „Ковид-19“.

Медицинската сестра имала итен царски рез да ја роди и спаси својата ќерка на бебето, која преживеала и сега е згрижена. Лекарите прво наведоа дека состојбата на жената се подобрува, но во неделата се влошила, пишува Гардијан.

28-годишната почината била позитивна на вирусот на 5 април. Таа имала царски рез наскоро откако била хоспитализирана во болницата на 7 април, но починала во неделата. Британски Канал 4 објавил дека работела барем до 12 март годинава. Болницата соопшти дека раководството ги следело службените упатства и бремената медицинска сестра не лекувала пациенти со коронавирус.

Не е познато дали била заразена кога сè уште работела или дали бебето се заразило со Ковид-19. Во моментов нејзиниот сопруг е самоизолиран.

Колегите на медицинската сестра во универзитетската болница Лутон и Данстрајб изјавија дека таа била „прекрасна медицинска сестра и одличен пример за она кое се залагаме“.  Главниот извршен директор на НХС, Дејвид Картер, рече дека опстанокот на нејзиното новороденче е „светло во ова многу темно време“.

Организациите кои ги застапуваат бремените жени за Гардијан соопштиле дека на стотици здравствени работници им се кажува дека мора да работат – понекогаш и без лична заштитна опрема – иако стравуваат за своите неродени деца.

Гардијан пишува и за асистенти за здравствена заштита, домашни работници, медицински сестри, физиотерапевти и работници за згрижување деца вработени во Британското јавно здравство кои во многу случаи капитулирале под притисок на работа, или земале неплатен одмор.

Бремените медицински сестри и асистенти за здравствена заштита велат дека тие работат во директен контакт со пациенти кои тестирале позитивно за „Ковид-19“ или се сомневале се заразиле, и покрај тоа што владините упатства ги класифицирале како ранлива група. „Ние сме згрозени од третманот и стресот од ситуацијата во која нè ставаат во ова веќе доволно стресно време“, изјави еден асистент за здравство за Гардијан.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот