Брегзит: Велика Британија сѐ поблиску до предвремени парламентарни избори

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Во неочекувана промена на ставовите, лидерот на лабуристите Џереми Корбин ги поддржа предремените парламентарни избори во декември. Тој рече дека неговата партија ќе ја започне „најамбициозната и радикална“ изборна кампања, објави „Дојче веле“.

Корбин додаде дека промената на ставот доаѓа поради тоа што можноста за Брегзит без договор со Европската Унија повеќе не е опција.

– Конзистентно велев дека сме подготвени за избори и нашата поддршка за Брегзит без договор сега не може да се спроведе – изјавија од неговиот кабинет.

Тој додаде дека продолжувањето на рокот до 31 јануари е потврден, па затоа тој со неговата партија е подготвена да ја започне најамбициозната и радикална кампања за вистинска промена во земјата досега видена во Велика Британија.

– Одиме на победа на изборите – посочи Корбин.

Лидерот на опозицијата го кажа својот став неколку часа пред премиерот Борис Џонсон повторно да побара од пратениците „дозвола“ за предвремени избори. Владата сака изборите да се одржат на 12 декември.

Претходните три предлози на Џонсон за предвремени избори претходно не „поминаа“ во Долниот дом на парламентот. Вчера, таму тој не успеа да оствари двотретинско мноинство кое беше неопходно за распишување на изборите.

По вчерашниот неуспех, Џонсон објави дека повторно ќе се обиде да побара од пратениците предвремени избори. Тој неколку пати бараше избори за, според него, да се реши „парализираноста на парламентот“ кој ја нарушува довербата на граѓаните и превенира било каква одлука за Брегзит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот