Брегзит: Недела на одлука

Британскиот премиер Борис Џонсон, пред членовите  на владиниот  кабинет изјави дека договорот за Брегзит е сè уште можен, но дека за постигнувањето на договорот треба да се заврши уште многу работа.Оптимизмот  на британскиот премиер доаѓа во време кога интензивните преговори меѓу Лондон и Брисел влегуваат во својата најкритична фаза, на само седумнаесет дена од рокот кој Британија сама си го зададе: напуштање на ЕУ со или без договор.

Во најзначајната недела во рамките на  која би можело да се одлучи за иднината на Брегзитот, како и за судбината на петата по големина светска економија, Џонсон со Унијата се обидува да постигне  договор за напуштање на Велика Британија, со што би овозможил  на 31 октомври уреден и легален прекин на соработката со најголемите европски трговски партнери.

„Премиерот ги информираше членовите на кабинетот за постигнатиот напредок во преговорите околу Брегзитот и повтори дека се напредува кон договор со ЕУ кој ќе ги заштити сите бртиански интереси“- изјави портпаролот на Владата во Лондон.

Британските медиуми наведуваат дека Џонсон  во текот на утрешниот ден ќе разговара со германската канцаларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон како и со европските челници  за напуштање на Британија од ЕУ до 31 октомври годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот