Брегалница Штип како најдобрите европски екипи, изгради хотел за фудбалерите (ФОТО)

Екипата на Брегалница во новата сезона ќе настапува во втората фудбалска лига, но амбициите се далеку поголеми -враќање во првата лига.
Дека клубот размислува во тој правец е изградбата на хотелот наменет за фудбалерите.

фото: ФК Брегалница

Пред почетокот на новата сезона, согласно и утврдените планови за инфраструктурен раст на клубот, ФК Брегалница и официјално го пушти во употреба сместувачкиот комплекс во рамките на Градскиот стадион во Штип.

фото: ФК Брегалница

Супер-модерно опремени 16 апартмани ќе бидат на располагање на фудбалерите на Брегалница. Во рамките на комплексот е и сала за одмор, како и просторија за заеднички состаноци. Сето тоа во функција за значително подобрување на условите за работа во клубот и реализација на зацртаните планови и амбиции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот