Брегалница од Штип имаше успешен тест и против Силекс

Фото: facebook.com/fkbregalnicaofficial/

Во пријателски натпревар како подготовка за новата натпреварувачка сезона 2021/2022 денеска екипата на Брегалница со убедлив резултат 3:0 (1:0) успеа да слави против Силекс.

Штипскиот прволигаш ја затресе трипати кратовската мрежа преку Мартин Стојанов, Бобан Георгиев и Љупче Кудев.

Тоа беше успешна проверка за играчите на тренерот Марјан Секуловски кој во првото прволигашко коло на 8 август од 17.30 часот е домаќин на Шкупи 1927.

Претходно тимот имаше успешни реализирани подготовки на Златибор каде што Секуловски беше задоволен од реализираното во српскиот подготвителен центар каде против црногорските Морнар и Искра Даниловград, како и против српскиот прволигаш Бачка Паланка, и едно реми (2-2) со Графичар од Белград.

Тест дуелот против Тиквеш беше откажан, па останува да се види дали штипската екипа ќе одигра уште некој пријателски меч во текот на следната седмица за темпирање на формата пред официјалниот старт на новата прволигашка сезона.

Вардар и Победа одиграа меч пред повеќе од 2000 гледачи на стадионот „Гоце Делчев“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот