Бредли Купер со нова филмска сензација: Открива кого избрал за главна женска улога

Instagram

Актерката Кери Малиган ќе ја игра Фелисија, сопругата на Леондард Бернштајн, во музичката драма „Maestro“ во продукција на „Netflix“ и во режија на Купер кој воедно ќе го глуми славниот композитор и диригент.

Ова е втор филм што Купер го режира по неговото режисерско деби „A Star Is Born“.

„A Star is Born“ / Instagram

Неговиот нов филм нема да биде само фактичка биографија бидејќи заплетот опфаќал период од 30 години. Сценаристите ја раскажале приказната за сложената врска помеѓу Леонардо и неговата сопруга чилеанската актерка Фелисија Монтеалегре, од моментот кога се сретнале на некоја забава во 1946 година.

Леонард Бернштајн (1918-1990) бил еден од најпознатите американски диригенти и композитори. Ги диригирал речиси сите поголеми американски оркестри, а од 1958 до 1969 година бил музички директор на филхармонијата во Њујорк. Настапувал и како оперски диригент и пијанист.

Актерката Кери Малиган / Instagram

Во бракот што траел 25 години, Леонард и Фелисија имале 3 деца, Џејми Бернштјан, Александар Бернштајн и Нина Бернштајн Симонс.

Бредли Купер сценариото за филмот го напишал заедно со Џош Сингер. Актерот и режисер веќе напорно работи на филмот, во соработка со децата на Бернштајн.

„Апсолутно сме воодушевени што Кери Малиган ќе ја игра нашата мајка во „Maestro“. Кери без сомнение ќе може да му ја пренесе на филмот единствено комбинираната духовитост, топлина, елегантна убавина и длабоки чувства на нашата мајка“, изјавил Џејми Бернштајн.

Кери Малиган во култниот филм „The Great Gatsby“ / Instagram

Купер изјавил дека кариерата на Мулиган ја следел уште од времето кога глумела во британските театри.

„Кери ја забележав уште кога ја гледав пред многу години на даските што живот значат и оттогаш не ги пропуштав нејзините настапи. Среќен сум што имав можност да работам со толку талентирана, но и исклучително драга личност како Кери“, изјави Купер.

Бредли Купер / Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот