Бредли Купер се надева дека романсата меѓу Канје Вест и Ирина Шајк брзо ќе заврши

Instagram
Instagram

Веќе не е тајна дека Ирина Шајк и Канје Вест се во врска. Гласините за нивната романса беа потврдени откако беа видени на одмор во Прованса, каде заедно го прославија роденденот на Вест.

Додека само се шпекулираше дека раперот и манекенката биле во врска, американските медиуми објавија дека сепак на правната сопруга на Канје, Ким Кардашијан, не и пречи нивната романса.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bradley Cooper (@bradleycooper.4life)


Сепак, многумина се интересираат за тоа како се чувствува актерот Бредли Купер, поради тоа, со кого Ирина Шајк беше четири години во врска и со која ја имаат ќерката Лео де Сена. Според списанието In Touch, Купер, за разлика од Ким Кардашијан, не е воодушевен.

„Прашање на време е кога тоа ќе почне влијае на животот на неговата ќерка Ли. Бредли е многу заштитнички настроен кога станува збор за неговата ќерка“, изјавил извор близок до холивудскиот актер. Затоа, според неименуван извор, тој „се надева дека оваа врска брзо ќе пропадне“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bradley Cooper (@bradleycooper.4life)

Во јуни 2019 година, Бредли Купер и Ирина Шајк ја раскинаа четиригодишна врска и свршувачка, но се договорија за заедничко старателството на нивната ќерка, па затоа и често поминуваат време заедно. Само пред неколку дена беа видени во еден парк во Њујорк, а медиумите не ја пропуштија насмевката на лицето на Бредли додека разговараа со неговата поранешна вереница.

ФОТО: Канје Вест и Ирина Шајк забележани на романтична прошетка во Франција

Од Роналдо до Канје: Љубовните партнери и афери на рускиот модел Ирина Шајк

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот