Бредли Купер конечно се обрати на гласините: Дали биле заедно?

бредли купер ирина шајик
Фото: Profimedia

Во 2019 година, Лејди Гага и Бредли Купер ја изведоа „Shallow“ на сцената на Оскарите од нивниот хит филм „A Star Is Born“. Беше тоа контроверна изведба која ги разгори гласините дека романсата не била само меѓу ликовите од филмот, туку и меѓу актерите.

Иако Бредли, за разлика од Гага, се немаше обратено на гласините, тој набргу потоа се раздели од неговата тогашна девојка и мајка на неговата ќерка, манекенката Ирина Шајик, со која се појавија заедно на Оскарите, но и придружувани од Гага.

бредли купер ирина шајик лејди гага
Фото: Profimedia

На тој настап и во тој период, публиката гледаше како летаа искри на пијано столчето, по неколкумесечни гласини дека Бредли и Гага можеби биле нешто повеќе за време на снимањето. Гага изјави дека тие биле само ко-ѕвезди кои глумеле во филмот и ништо повеќе. Но со тоа што Купер не одговори на гласините само повеќе ги разгори шпекулациите причините за неговото разделување со Ирина Шајик.

Конечо Бредли потврди дека тие „дефинитивно глумеле“ за време на Оскарите и тој „замислил дека изведбата ќе се одвива како сцена од филмот делумно за да помогне во справувањето со сопствените стравови од пеењето во живо“.

„Само од лична гледна точка, тоа го намалува нивото на анксиозност. Тие некако се заљубуваат во таа сцена во филмот. Тоа е тој експлозивен момент што им се случува на сцената пред илјадници луѓе… Ќе беше толку чудно да бевме и двајцата на столчиња свртени кон публиката“, изјави Бредли, кој не е професионален пејач како Гага.

Поминаа веќе нешто повеќе од две години откако се разделија, но неодамна беа видени како се движат по улицa насмеани и рака под рака, со што пак сега се разгореа гласините – дали Бредли и Ирина се повторно заедно?

46-годишниот актер и 35-годишната супермоделка беа заедно четири години пред да се разделат во јуни 2019 година и ја имаат 4-годишната ќерка Леа, па прашањето е сега дали го реоформуваат семејството?

Видео на денот