Бредли Купер и Леди Гага повторно заедно! - Слободен печат
ЕспресоШоу биз

Бредли Купер и Леди Гага повторно заедно!

За новото продолжение на „Чувари на галаксијата“ наводно Бредли Купер повторно ќе ја има улогата на Рокет Ракун, а Леди Гага ќе биде неговата сакана Лила.

По филмот „Ѕвездата е родена“, Бредли Купер и Леди Гага повторно ќе се најдат заедно на фимското платно, пишува HoolywoodLife.

Станува збор за продолжението на филмот „Чувари на галаксијата 3“.

Фановите на друштвените мрежи се воодушевени со веста бидејќи посакуваа пејачката и глумецот повторно да ги гледаат заедно.

„Хемијата на сетот на минатиот филм беше многу силна. Тогаш Бредли имаше и девојка. Сега можеме сè да очекуваме, коментирале некои од фановите, додека други дури и се налутиле што Бредли и Гага ги „туркаат“ таму каде што не им е местото.

За новото продолжение на „Чувари на галаксијата“ наводно Бредли Купер повторно ќе ја има улогата на Рокет Ракун, а Леди Гага ќе биде неговата сакана Лила.

„Нивните ликови се анимирани, но сепак е прилично возбудливо. Многу е веројатно дека тоа ќе се оствари“, рекол изворот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close