Бредли Бил со достигнување како Коби Брајант (ВИДЕО)

Кошаркарот на Вашингтон визардс, Бредли Бил стана првиот играч по Коби Брајант кој две ноќи по ред постигнува 50 или повеќе поени.

Одличниот бек на Вашингтон, Бредли Бил, натпреварот со Милвоки бакс го заврши со 55 постигнати поени, само еден ден откако на Чикаго му уфрли 53 поени и на тој начин се израмни со Коби Брајант.
Бил остварувањето го постигна во вечерта кога во Лос Анџелес беше одржана комеморација за трагично загинатиот легендарен кошаркар на ЛА Лејкерс.

– Човеку ова е лудо. Не знав за тоа, сите ние знаеме кој беше Коби. Комеморацијата предизвика големи чувства – изјави Бил.

Сепак, рекордното остварување на Бил не му помогна на неговиот тим да се победи Милвоки бакс. На спротивната страна, Крис Мидлтон беше прв стрелец на Милвоки со 40 поени, додека Адетокумбо оствари дабл-дабл од 22 поени и 14 скокови.


ЛА Клиперс оствари убедлив триумф над Мемфис со 27 поени разлика (124-97). Сите дилеми околу победникот беа решени во првата четвртина која Клиперси ја добија со 40:14. Каваи Ленард беше најпрецизен во победничкиот тим со 25 постигнати поени.

Далас благодарение на бековскиот тандем Дончиќ-Хардавеј Џуниор ја победи Минесота со 139:123. Хардавеј Џуниот постигна 23, додека Дончиќ натпреварот го заврши со 20 постигнати поени.

Резултати:
Кливленд – Мајами 125:119
Филаделфија – Атланта 129:112
Вашингтон – Милвоки 134:137
Бруклин – Орландо 113:115
Хјустон – Њујорк 123:112
Далас – Минесота 139:123
Јута – Феникс 111:131
ЛА Клиперс – Мемфис 124:97

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот