Бред Пит проговори за врската со манекенката Никол: Конечно се чувствувам сакан!

Актерот Бред Пит (56) веќе неколку месеци ја бакнува својата нова девојка, 27-годишната германска манекенка Никол Потуралски, која дури ја одведе на романтичен одмор во замок во Франција каде се ожени со својата поранешна сопруга, 45-годишната актерка Анџелина Џоли, пренесува „Mirror“ .

профимедиа

Извор близок до ѕвездата на филмот „Once Upon a Time In Hollywood“ потврди дека Бред се чувствува среќен во врската и дека не е оптоварен со коментарите за неговата нова девојка, ниту за неговата поранешна сопруга Анџелина, со која следниот месец ќе ја има конечната борба на суд околу старателството над нивните шест деца. Освен тоа, Бред не сака да открива премногу за неговиот приватен живот, па затоа реши да не се меша во потенцијални конфликти во иднина меѓу Никол и Анџелина.

View this post on Instagram

😁😁😁

A post shared by Nico (@nico.potur) on

„Бред не беше премногу изненаден што сите зборуваат за неговата нова врска. Во оваа фаза од неговиот живот, Бред е едноставно среќен што најде некој што го сака, гледа и гали“, изјави извор близок на актерот и откри дека Пит, во доверба му рекол дека сега „се чувствува сакан и конечно некој се грижи за него“.

Да потсетиме, Никол крена прашина коментирајќи дека среќните луѓе не мразат, што нејзините следбеници на социјалните мрежи веднаш го протолкуваа како скриена порака до Анџелина.

Прочитајте и...  ФОТО: Јелена Карлеуша повторно со провокативен стајлинг

Поврзани вести

Шарлиз Терон: Пилатесот тотално ми го смени телото

Слободен Печат

ФОТО: Селма Хајек ги „полуде“ нејзините обожаватели

Слободен Печат

Со нив е навистина тешко: Три хороскопски знаци кои е тешко да се засакаат!

Слободен печат

Никол Кидман: Никогаш не реков „не“ на секс сцена

Слободен Печат

Искуството на Николас Кејџ со коцкањето е приказна на денот!

Слободен печат

На денешен ден е роден Алфред Нобел: Основачот на најпрестижната награда во светот

Слободен Печат

Остави Коментар